• понеделник, 23 декември 2024

Енрике најави нови засилувања по заминување на Мбапе

Енрике најави нови засилувања по заминување на Мбапе


Париз, 26 мај 2024 (МИА) – Пари Сен Жермен планира да донесе пет-шест нови засилувања во летниот преоден рок во обид да го надомести заминувањето на ѕвездата Килијан Мбапе, најави тренерот на францускиот шампион, Луис Енрике.
Шпанецот му беше тренер на Мбапе во последната од седумте години во ПСЖ, период во кој напаѓачот постигна рекордни 256 голови и му помогна на тимот да освои 15 титули, вклучувајќи и шест француски титули.
Енрике рече дека претсезонските тренинзи ќе бидат клучни за неговата екипа во обидот да ги оправда очекувањата следната сезона, бидејќи ниту еден играч не може да го замени капитенот на Франција, кој е силно поврзуван со преселба во шпанскиот гигант Реал Мадрид.
„Имав среќа да го тренирам Килијан оваа сезона, која за него не беше лесна по седум години минати во клуб и сè што постигна, тешко е да се каже збогум“, рече Енрике на прес-конференцијата по победата од 2-1 над Лион во финалето на Купот на Франција.
„Нема друг начин како да го замениме Мбапе, освен да се обидеме да го надоместиме неговото отсуство со четири, пет или шест нови засилувања. Замената на Килијан ќе биде тимот кој заедно со навивачите и нашата амбиција ќе се обиде да освои сè во следната сезона.“, изјави Енрике. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан