• понеделник, 23 декември 2024

Енрике го поддржа критикуваниот Донарума: Оставето го на мира

Енрике го поддржа критикуваниот Донарума: Оставето го на мира

Париз, 5 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике му даде поддршка на голманот на тимот Џанлуиџи Донарума, кој направи две големи грешки на натпреварот од 2. коло од Лигата на шампионите со Арсенал.

Натпреварот се одигра на 1 октомври на стадионот „Емирати“ во Лондон и заврши со победа на домаќините од 2:0. По овој натпревар италијанскиот голман беше критикуван од медиумите и навивачите.

- Мораме да ја разбереме ситуацијата пред да го обвиниме овој или оној играч. Виновник е само тренерот. Луѓето често за мета го избираат Донарума, затоа ве молам оставете го на мира и изберете ме мене, изјави Енрике за „RMC Sport“.

Тренерот исто така истакна дека грешките на мечот со Арсенал настанале поради постапките на целиот тим, а не само на голманот.

Претходно „Л’Екип“ објави дека Донарума може да го загуби статусот на главен голман на францускиот тим по лошото издание во Лигата на шампионите, а негова потенцијална замена е рускиот голман Матвеј Сафонов.

Утре Пари Сен-Жермен ќе игра со Ница, а на 19 ќе се сретне со Стразбур во Лига 1. На 22 октомври екипата на Енрике ќе му гостува на ПСВ во Лигата на шампионите. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан