• сабота, 23 ноември 2024

Ембид ќе оди на операција на менискус, има шанси да игра оваа сезона

Ембид ќе оди на операција на менискус, има шанси да игра оваа сезона

Филаделфија, 5 февруари 2024 (МИА) - На најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид му е дијагностицирана скинат менискус на левото колено. Тој ќе оди на операција во наредните денови, објави тимот.

Според „ESPN“, повикувајќи се на клупски извори, постои можност Ембид сепак да игра на натпреварите оваа сезона.

Актуелниот МВП се очекува да пропушти подолг период, но попрецизна временска рамка ќе биде позната откако лекарите ќе ја завршат процедурата.

Ембид се повреди минатата недела против Голден Стејт вориорс. Сезонава учествуваше на 34 натпревари, со просек од 35,3 поени, 11,3 скока и 5,7 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан