• сабота, 27 јули 2024

Ембид: Ако Симонс се врати во тимот, тогаш сè ќе биде нормално меѓу нас

Ембид: Ако Симонс се врати во тимот, тогаш сè ќе биде нормално меѓу нас
Филаделфија, 12 октомври 2021 (МИА) - Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид, смета дека евентуалното враќање на Бен Симонс во тимот ќе биде од корист за сите. Австралиецот, кој го пропушти досегашниот дел од подготовките барајќи да биде разменет во друг клуб, вчера се врати во Филаделфија. - Не сум разговарал лично со Бен од крајот на сезоната. Се обидов да го контактирам, но неуспешно. Многу од соиграчите исто така се обидоа. Ако Симонс се врати во тимот, тогаш ќе имаме одредени адаптирања, но тоа не мора да биде нешто непријатно. Ние сме професионалци. Сакаме да победиме. Со Бен во тимот, шансите за победа се зголемуваат. Сè ќе биде во ред меѓу нас, рече Ембид. Симонс, кој мината сезона со Ембид беа најдобрите кошаркари на Филаделфија, во случај да продолжи да го бојкотира тимот се соочува со парична казна од неколку десетици милиони долари. зс/

Остани поврзан