Експерт на ОН: Домувањето е прашање на живот или смрт во услови на пандемија
- Експерт на ОН за човекови права ги повика денеска државите да преземат вонредни мерки, со цел да им се гарантира на сите луѓе соодветен дом во време на пандемијата, бидејќи тоа е прашање на ж
Њујорк, 18 март 2020 (МИА) - Експерт на ОН за човекови права ги повика денеска државите да преземат вонредни мерки, со цел да им се гарантира на сите луѓе соодветен дом во време на пандемијата, бидејќи тоа е прашање на живот или смрт.
- Домот стана прва одбранбена линија во борбата против коронавирусот. Ретко кога домувањето било толку многу од животно значење, изјави специјалниот известувач на ОН за правото на домување Лејлани Фарха.
Оваа Канаѓанка е независен експерт, која извршува задачи на ОН, но изјавата не ја дава во име на организацијата.
Фарха бара од земјите да преземат итни мерки и да не дозволат да има луѓе без покрив над главата во услови на пандемија од коронавирусот, откако повеќе држави го ставија своето население во карантин. Според неа, околу 1,8 милијарди луѓе во светот се без засолниште или живеат во несоодветни домови, често преполни и без пристап до вода и санитарни системи. Поради таквите услови тие луѓе не се отпорни на вирусот и честопати страдаат од разни здравствени проблеми. гт/