• понеделник, 23 декември 2024

ЕИБ: Над 60 отсто од европските компании инвестираат во климатски промени, а над 70 отсто во дигитална трансформација

ЕИБ: Над 60 отсто од европските компании инвестираат во климатски промени, а над 70 отсто во дигитална трансформација

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) – Европската инвестициска банка (ЕИБ) објави дека повеќе од 60 проценти од европските компании инвестирале во ублажување и адаптација на климатските промени, а над 70 отсто во дигитална трансформација.

Според нивната Анкета за инвестиции за 2024 година, компаниите во ЕУ успешно се справиле со здравствените, ценовните и трговските шокови во последните четири години, зголемувајќи ги своите амбиции за зелена и дигитална трансформација.

Анкетата, која опфаќа околу 12.000 компании во ЕУ и споредбен примерок во САД, покажува дека 61 отсто од фирмите во ЕУ инвестирале во справување со климатските промени, што е зголемување од 5 проценти во 2023 година. Исто така, 74 отсто од бизнисите во ЕУ изјавиле дека користат дигитални технологии, што претставува зголемување од 4 проценти во споредба со минатата година. Во меѓувреме, САД продолжуваат да водат со 81 процент.

Околу 90 отсто од фирмите во ЕУ и САД презеле мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови. 

Една од три компании од ЕУ – 34 отсто – ја гледа зелената транзиција како деловен ризик во споредба со 42 проценти во САД. 

Во ЕУ, 37 отсто од вкупните инвестиции на бизнисите се насочени кон нематеријални средства како што се истражување, вештини и знаење, нагласувајќи го стратешкиот фокус на иновациите и дигиталните решенија. 

Сепак, гледајќи напред кон следните три години, многу европски компании им даваат приоритет на заменските инвестиции пред проширувањето на капацитетот, при што само 26 отсто од фирмите во ЕУ планираат да ги прошират операциите во следните три години во споредба со 47 проценти од американските фирми.

Мнозинството (60 отсто) од извозниците на ЕУ изјавуваат дека сè уште треба да се усогласат со различни стандарди и правила за заштита на потрошувачите од една земја-членка до друга, нагласувајќи дека фрагментацијата на пазарот опстојува.

Анкетата, исто така, ја нагласува важноста на робусните синџири на снабдување. Загриженоста за нарушувањата во трговијата е намалена во споредба со минатата година, но фирмите не забележале подобрувања во однос на новите регулативи, тарифите или трговските ограничувања.

Извештајот за 2024 година им служи на креаторите на политиките, економистите и деловните лидери преку обезбедување увид во инвестицискиот пејзаж и идентификување на активностите потребни за поттикнување на економскиот раст и отпорност.

Повеќе информации и целосниот извештај можете да го погледнете тукаар/дма/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан