Едно лице загина во израелски напад врз јужен Либан
- Едно лице загина во напад што израелските сили денеска го извршија врз село во јужен Либан, соопштија либанските власти.

Бејрут, 7 април 2025 (МИА) – Едно лице загина во напад што израелските сили денеска го извршија врз село во јужен Либан, соопштија либанските власти.
- Еден човек загина во напад на израелски непријателски дрон врз селото Тајбех, соопшти либанското Министерство за здравство.
Израелската војска соопшти дека ја истражува информацијата.
Израел редовно извршува напади во јужен Либан и покрај важечкиот прекин на огнот, пренесе Бета. јт/
Фото: ЕПА архива