Кремљ соопшти дека американскиот пратеник Виткоф ќе ги информира Европејците за мировните преговори во Украина
- Кремљ соопшти дека денешната средба меѓу САД, Украина и европските земји во Париз е можност американскиот пратеник Стив Виткоф да ги информира Европејците за моменталниот статус на мировните преговори во Украина.

Москва, 17 април 2025 (МИА) - Кремљ соопшти дека денешната средба меѓу САД, Украина и европските земји во Париз е можност американскиот пратеник Стив Виткоф да ги информира Европејците за моменталниот статус на мировните преговори во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и Виткоф имале долг разговор минатата недела.
„САД продолжуваат да работат во оваа насока со Европејците и со Украинците. Меѓутоа, за жал, од Европејците гледаме дека тие се фокусирани исклучиво на продолжување на војната“, рече Песков.
Високи украински претставници денеска пристигнаа во Париз, каде Европејците организираат средба на која ќе ја заштитат позицијата на Киев пред американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот пратеник Виткоф. рп/
Фото: МИА архива