• вторник, 24 декември 2024

Една година од железничката несреќа кај Темпи со 57 жртви, една од најголемите во Грција во изминатите 50 години

Една година од железничката несреќа кај Темпи со 57 жртви, една од најголемите во Грција во изминатите 50 години

Атина, 28 февруари 2024 (МИА) – Кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во новинарските кругови во Грција започна да се шири информација дека во близина на Лариса постои проблем со воз, првично дека најверојатно излетал од шините, но без  јасна слика дали станува збор за патнички или товарен и што точно се случило, јави дописничката на МИА од Атина. 

Следеа првите неофицијални информации за директен судир на два воза кај месноста Темпи, за десетици возила на брзата помош што од околните градови се упатуваат на местото, а потврдата дека станува збор за сериозна несреќа, индиректно, дојде од кабинетот на грчкиот премиер од каде што новинарите беа информирани дека Кирјакос Мицотакис ја откажува посетата на Солун закажана за следниот ден. 

Ноќта беше долга, почна полека да се открива големината на несреќата, беа соопштени првите официјални податоци, десетици загинати и уште толку повредени.

Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција траеше со денови, а Грција живееше една од најголемите железнички несреќи во изминатите 50 години.

At least 32 people were killed when a freight train collided with a passenger train in central Greece on Tuesday night, according to the fire brigade, with people still believed to be trapped

Два воза, едниот товарен, другиот патнички, со околу 350 патници, околу десет минути, со голема брзина се движеле на иста шина, но не еден зад друг, туку еден кон друг, едниот од Атина кон Солун, другиот од Солун кон Атина, со резултат директниот судир да биде неизбежен и 57 лица да го загубат животот, а десетици да бидат повредени.

Загинаа 57 лица, 56 тела беа пронајдени и идентификувани, едно и понатаму, една година подоцна е непронајдено. 

Најголемиот број од патниците во возот беа студенти, кои биле на продолжен викенд и се враќале или дома или во универзитетскиот кампус. 

Меѓу првите три вагони, кои беа најпогодени беше и вагонот-ресторан, кој поради јачината на судирот се превртел врз други два вагони и се запалил, што дополнително ја отежна идентификацијата на загинатите. 

-Треба да се нагласи дека во конкретниот вагон избувнал пожар и се развиле особено високи температури кои достигнале дури 1.300 степени Целзиусови, факт што ја отежнува идентификацијата на луѓето кои биле внатре, рече тогаш портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис.

Од 57 загинати, 25 биле токму во овој вагон, во вагонот-ресторан.

 Спасувачките екипи и пожарникарите и денеска продолжуваат со операцијата на потрага и проверка на вагоните за преживеани и исчезнати лица по железничката несреќа што во вторникот вечерта се с

Полесно повредени беа оние од последните вагони, додека пак во првите три, ситуацијата со која се соочиле спасувачите била застрашувачка. 

Веднаш по несреќата беше прогласена тридневна жалост, грчкиот премиер и лидерите на опозициските партии го посетија местото на трагедијата, а граѓаните се собраа во Атина за да им оддадат почит на загинатите, но и да побараат одговорност. 

„Пиши кога ќе стигнеш“, беше главниот слоган под кој се одржаа низа масовни протести во Атина и други грчки градови. 

Мирен протест пред грчкиот Парламент одржаа и на средината на декември семејствата и роднините на жртвите кои побара правда, одговори и да не се прикрие криминалот. 

Една година по трагедијата, семејствата сè уште очекуваат одговори.

По понеделникот одржаа прес-конференција во пресрет на годишнината од несреќата, уште еднаш ги раскажаа нивните трагични судбини и уште еднаш побараа правда. 

-Во железничката несреќа го загубив синот, 22-годишен. Заедно со неговата пријателка се враќаа од Атина, за жал, пет минути пред сударот стана од неговото седиште во вагонот број три и отиде во вагонот-ресторан за да купи вода. Оваа негова одлука беше фатална. Шишето вода го плати со живот, рече Деспина Ганиду мајката на загинатиот студент.

Андонис Псаропулос, ја загубил неговата ќерка и говорејќи со солзи во очите рече дека иако морал да се справи со жал, болка, очај, но и бес успеал да собере сили и заедно со другите семејства на жртвите да се бори за правда. 

Посочи дека како адвокат по професија, смета дека од првиот момент, несреќата требаше да се води како криминално дело. 

Со сличен став е и таткото на 18-годишната Анастасиа, кој порача дека „група убијци од корумпирани политичари, бизнисмени, управители и вработени“ се виновни за несреќата. 

-Ова е Анастасиа, мојата ќерка, 18 и пол години, прва година на факултет. Во возот беше бидејќи следниот ден, во 9 часот наутро имаше предавање на солунскиот Универзитет, рече таткото на младата девојка, покажувајќи им на присутните нејзина слика. 

Според надлежните главните причини за несреќата се човечка грешка на одговорниот на железничката станица во Лариса од каде што возот, по направената планирана станица продолжи кон крајната дестинација – Солун, како и недостиг на дигитален систем за контрола и следење на возовите. 

За несреќата беше уапсен, а подоцна и притворен шефот на железничката станица во Лариса, во Парламентот беше формирана специјална истражна комисија, која сè уште одржува седници, а семејствата на жртвите ангажираа независен експертски тим за да ја истражат несреќата кои подготвија свој извештај. 

На истрагата, како што објаснија на прес-конференцијата во понеделникот ѝ пристапиле следејќи го моделот за авионски несреќи и посочија дека нивната работа не е да истражат кој е виновен, туку да откријат што точно се случи.

Меѓу другото, експертите на местото на несреќата ги пронашле супстанциите ортоксилол, толуен и бензен, кои и при мала искра можат да предизвикаат палење.

Паралелно според машинскиот и аеронаутички инженер и специјален вештак на несреќи Костас Лакафосис кој е член на независниот експертски тим доколку немаше пожар и експлозија по судирот на двата воза, бројот на жртви ќе беше помал со оглед на тоа, како што рече најмалку пет од 57 загинати, животот го загубиле како последица на пожарот. 

Дополнително истакна дека една година подоцна, железницата во Грција и понатаму не е безбедна и е многу блиску до она како што беше лани кога се случи несреќата. 

Повредени беа најмалку 85 лица, некои полесно некои потешко, сите закрепнуваат, а еден е сè уште во кома.

Додека преживеаните се обидуваат да ги надминат кошмарите, семејствата на загинатите бараат правда. 

Преку онлајн петиција собираат потписи за да се направат уставни измени и да се активира законот за одговорност на министрите и да се укине пратеничкиот имунитет за инволвираните „да одговараат за криминалот кај Темпи“. 

Заклучно со синоќа беа собрани над 820.000 потписи, а лидерот на СИРИЗА Стефанис Каселакис вчера, преку социјалните мрежи соопшти дека и тој ја потпишал петицијата. 

Ланската несреќа кај месноста Темпи беше трета во конкретната област во изминатите 25 години, а претходните две се случиле на автопатот. 

Првата во 1999 година кога автобус со навивачи на фудбалскиот клуб ПАОК се судрил со камион и седум лица го загубиле животот, а втората, во 2003 година, кога автобус со ученици се судрил со камион со 21 загинат. 

За годишнината од железничката несреќа, во спомен на загинатите, но и поради секојдневните проблеми на граѓаните, синдикатот на вработените во државниот сектор закажа 24 часовен штрајк под слоганот „Не забораваме“ и планирани се низа протести како во Атина, така и во другите грчки градови. 

Паралелно, камбаните на црквите во цела Грција, во 10 часот утрово ќе бијат 57 пати, колку што беа и жртвите во несреќата. 

Сања Ристовска

Остани поврзан