• петок, 15 ноември 2024

Европарламентот и членките на ЕУ ќе го усогласуваат Буџетот на Унијата за 2025 година 

Европарламентот и членките на ЕУ ќе го усогласуваат Буџетот на Унијата за 2025 година 

Брисел, 15 ноември 2024 (МИА) - Во Брисел денеска ќе се одржи вториот состанок на Комитетот за буџетско усогласување на кој претставници на Европскиот парламент и Совет за економски и финансиски прашања на ЕУ треба да се обидат да постигнат договор за Буџетот на Унијата за 2025 година. 

Пред состанокот на Комитетот за буџетско усогласување ќе започне заседание на Совет за економски и финансиски прашања на кое министрите за финансии на земјите членки на ЕУ ќе имаат подготвителна дебата за усогласувањето на ставовите околу преговорите за буџетот со европратениците. 

Заседанието на Советот ќе продолжи по состанокот на Комитетот, на кое министрите за финансии ќе ги разгледаат резултатите од преговорите со Европарламентот и во зависно од нивниот исход ќе решаваат за следните чекори. 

Постапката за усогласување на Буџетот на ЕУ за 2025 година започна на 29 минатиот месец и би требало да заврши в понеделник.  

Доколку дотогаш земјите членки и Европарламентот не постигнат договор за буџетот за следната година, целата постапка за усвојување на буџетската рамка за 2025-та ќе почне од почеток. сп/

Фото: ЕК

Остани поврзан