• среда, 21 август 2024

Дурмиши - Улсој: Ќе создаваме услови за интензивирање на соработката меѓу двете земји

Дурмиши - Улсој: Ќе создаваме услови за интензивирање на соработката меѓу двете земји

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се сретна со турскиот амбасадор Фатих Улусој и разговараа за економската соработка меѓу двете земји и можностите таа да се продлабочи во наредниот период.

Како што информира Министерството за  економија и труд, Дурмиши се заблагодари на целокупната поддршка што Република Турција ја дава за нашата земја, почнувајќи од независноста, па до ден денеска.

- Република Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер. Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Турција минатата година е рангирана на седмото место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи, нагласи министерот Дурмиши на средбата.

Министерството за економија и труд, како што истакна, во наредниот период ќе биде фокусирано на поддршка на домашните, но и на странските компании кои работат во земјава, како и поддршка и развој на пазарот на труд, како нова надлежност која ја преземаме.

- Министерството за економија и труд и јас како министер и во наредниот период ќе работам во насока на создавање на услови за интензивирање на соработката меѓу бизнисите од двете држави, со цел зголемување на трговската размена, порача  министерот Дурмиши.мд/са/

Фото: Министерство за економија и труд 

Остани поврзан