• сабота, 23 ноември 2024

Нови услуги на Катастарот достапни во подрачната канцеларија во Драчево

Нови услуги на Катастарот достапни во подрачната канцеларија во Драчево

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните во населба Драчево и нејзината околина.

- Од вчера, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Катастарот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

Граѓаните освен постоечките услуги, сега имаат можност на едно место да поднесат барања за издавање на имотен лист, копија од план, промена во наслов, теренски барања, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права, како и добивање на уверенија за идентификација и историјат на недвижностите.

Од Агенцијата за катастар на недвижности најавуваат дека во следниот период ќе продолжат да воведуваат новини во работењето со цел услугите да бидат подостапни и поблиски до граѓаните. мд/aa/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан