ДУИ: Изет Меџити и неговиот ортак Рафет Муминовиќ, се татковци на коцкањето
- СООПШТЕНИЕ: Во недостиг на програма и претчувствувајќи го длабокиот пораз, Европскиот фронт ја изразува својата длабока загриженост дека Изет Меџити и другите деривати на Москва, по секоја цена сакаат да ги претстават Албанците како криминален и корумпиран фактор во Северна Македонија.
Скопје, 7 април 2024
Залутаната и изгубена опозиција, во служба на проруската агенда, продолжува со напорите да внесе раздор кај Албанците преку лажни вести и измислици, секогаш во служба на ВМРО и Левица.
Во недостиг на програма и претчувствувајќи го длабокиот пораз, Европскиот фронт ја изразува својата длабока загриженост дека Изет Меџити и другите деривати на Москва, по секоја цена сакаат да ги претстават Албанците како криминален и корумпиран фактор во Северна Македонија.
Во нашата земја сите знаат,особено Албанците од Скопје и пошироко, дека Изет Меџити и неговиот партнер Рафет Муминовиќ, се татковци на коцката, казината и обложувалниците.
Токму Изет Меџити и неколкумина албански пратеници построени со руската агенда, не го изгласаа Законот за затворање на игрите на среќа и покрај повиците и барањата на Движењето против коцкањето.
Единствената причина за ова е што Изет и Рафет се ортаци инструирани од ВМРО-ДПМНЕ, а нивната основна цел е да го заштитат криминалниот монопол од кој се финансираат.
Граѓаните на Северна Македонија исто така знаат дека опозицијата, тесно координирана со ВМРО на Мицкоски и Левицата на Апасиев, долго време го блокираше предлогот на Демократскиот унија за интеграција во парламентарните комисии, овозможувајќи им на мрачните сили на криминалот и корупцијата да продолжат со организирање на игрите на среќа.
Корупцијата е закана за националната безбедност и тоа најдобро го користи Русија, која е присутна во политичките партии во нашата земја, во нашите медиуми, во граѓанското општество, во нашата економија, во нашата критична инфраструктура и во секој сегмент на општеството не само кај нас, тукуи во целиот наш регион.
Демократската унија за интеграција уште еднаш апелира до опозицијата и политичките партии да развијат демократска и европска кампања, а најдобар пример е идниот претседател д-р Бујар Османи и Европскиот фронт.
Исто така, ги повикуваме граѓаните да не станат плен на дезинформациите и хибридната војна што ја води Кремљин, а најсилен удар за Москва и нејзините деривати е масовната поддршка на 24 април и 8 мај за претседателот д-р Бујар Османи и Европскиот фронт.
ДУИ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива