• понеделник, 30 декември 2024

ДУИ: Ги отфрламе тврдењата дека ДУИ го блокираше Законот за средно образование

ДУИ: Ги отфрламе тврдењата дека ДУИ го блокираше Законот за средно образование

Скопје, 21 декември 2024

Уште еднаш ги отфрламе тврдењата на министерката Јаневска дека ДУИ го блокираше Законот за средно образование поради националистички или партиски интереси. 

Напротив отпорот беше уште една обид ДУИ да го заштити нашиот мултиетнички заеднички дом. 

Да ги заштити граѓаните, Македонци, Албанци, Турци и сите други етнички заедници — од политиките на поделба и етничка супремација, од политиките кои создаваат раздор меѓу народите, и која го нарушува нашиот заеднички напредок. 

Но оваа изјава не е за да ве убедиме Вас и оние што работат на поделба и омраза.  

Ова е порака до Македонскиот народ, до  граѓаните кои веруваат дека единствено соживотот и еднаквоста се иднината на оваа земја. 

На нив им велиме: Албанскиот јазик и култура не се закана за вас, напротив, тие се богатство за нашата мултиетничка држава.
Албанците никогаш не ги оспорувале вашите етнички симболи и вредности, и ќе ги штитиме со сето наше битие од секој што сака да ги загрози. 
 
Бидете сигурни во тоа.

Но нема  да дозволиме истотака некој да ги загрози нашите вредности. 

Затоа не  подлегнувајте на политичари кои прво внесуваат страв меѓу вас од вашите сограѓани а потоа го искористуваат тој страв за да се одржат на власт. 

Да се обединиме сите, оние кои веруваат во соживот, еднаквост и да ги одбиеме политиките на поделба.

Демократска унија за интеграција

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан