• вторник, 18 март 2025

До петок стабилно време со утрински температури под нулата

До петок стабилно време со утрински температури под нулата

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус девет, а максимланата дневна ќе дотигне 22 степена.

До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан