• сабота, 23 ноември 2024

До петок пријавување за ДДВ-04 во УЈП, досега обврската ја завршиле само 27,12 проценти

До петок пријавување за ДДВ-04 во УЈП, досега обврската ја завршиле само 27,12 проценти

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Само 27, 12 проценти или 11.113 даночни обврзници ја поднеле ДДВ-04 пријавата до Управата за јавни приходи, а крајниот рок за поднесување е до петок. Од Управата за јавни приходи денеска информираа дека системите на УЈП ќе работат и во среда кога е државен празник.

- Досега, поднесени се само 11.113 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што претставува само 27,12 проценти од вкупниот број. Ова укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска. Запомнете, непостапувањето во рок може да доведе до казни и дополнителни финансиски трошоци. Затоа, не чекајте! Поднесете ги вашите пријави навреме и избегнете стрес и дополнителни санкции. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е важно не само за даночната усогласеност на фирмите, туку и за општата финансиска стабилност на секој бизнис. Со исполнување на даночните обврски се придонесува за развојот на економијата и одржувањето на позитивната деловна средина, велат од УЈП.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да ги достават на инфо сандачето info@ujp.gov.mk или да се јават на следните телефонски броеви - Од фиксна линија: 0800 33 000 или од мобилен телефон: 02 3253 200. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан