• сабота, 23 ноември 2024

Донарума: Во ПСЖ притисокот е посилен отколку во Милан

Донарума: Во ПСЖ притисокот е посилен отколку во Милан
Париз, 4 јануари 2022 (МИА) - Голманот Џанлуиџи Донарума, кој минатото лето од Милан се пресели во Пари Сен-Жермен, зборуваше за притисокот во францускиот клуб. - Во споредба со Милан, притисокот во ПСЖ е посилен. Сега сум во клуб кој сака да ги земе сите трофеи. Имаме одлична атмосфера во тимот. Медиумите сакаат да измислуваат приказни, но конкуренција има во секој клуб. Одлуката кој ќе биде на голот ја носи тренерот Покетино, изјави Донарума. Италијанецот во Париз дојде како големо засилување и е еден од адутите на парижаните во борбата за трофејот од елитната Лига на шампиони. зс/

Остани поврзан