• недела, 21 јули 2024

Дискусија за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност

Дискусија за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ денеска во Јавна соба ќе се одржи јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. -Во рамки на настанот ќе дебатираат младински, како и претставници на бизнис секторот, а настанот има за цел да даде придонес и поддршка преку јавна дискусија и заклучоци на темите какви младински профили му се потребни на пазарот на труд, но и како компаниите се очекува да инвестираат во прилагодување на новите работни места, односно во развој на соодветните вештини и знаења кои првенствено се однесуваат на младите луѓе и професиите на иднината, информираат организаторите на настанот. Главен предизвик на настанот е идентификување на потребите и ставовите на младите луѓе, односно нивните очекувања од работодавачите, а со цел поголем интерес за нивно аплицирање и вклучување на македонскиот, наместо само на пазарите на труд на земјите од светот. -Во оваа смисла, сметаме дека е особено важно кај директните корисници, но и помеѓу општата јавност да се разговара за барањата и потребите на младите да ги креираат условите и начините на работа и работните место со крајна цел поврзување и задоволство кај двете страни на пазарот на трудот, се вели во соопштението. Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини денес“ се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Овој проект е финансиран од Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и три други партнерски организации од регионот. ки/мд/

Остани поврзан