• сабота, 23 ноември 2024

Дискусија за заштита на лицата со попреченост, особено девојките и жените, од родово насилство

Дискусија за заштита на лицата со попреченост, особено девојките и жените, од родово насилство

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Претставништвото на Фондот за население на Обединетите Нации - УНФПА во Скопје  вчера одржа дискусија со претставници на повеќе македонски здруженија на лицата со попреченост, индивидуи, застапници со попреченост, на тема спречување и заштита од родово базирано насилство.

Стана збор за можностите и инструментите што постојат во нашата држава, а коишто им овозможуваат на граѓаните со попреченост, особено на девојките и жените со попреченост, да бидат заштитетни од родово засновано насилство. Целта на оваа средба е да се отвори прашањето за остварување на правото на превенција, но како што беше истакнато, и што побргу да се затворат некои прашања.

Учесниците ја нагласија потребата за поголема ажурност од државата и надлежните органи во насока на имплементирањето на преземените обврски и законите за заштита и спречување родово базирано насилство. 

Самото одлагање на преземените обврски, одолговлекувањето на имплементацијата на законите и регулативите, и воопшто, „обесправувањето на лицата со попреченост“, според претставниците на здружението „Хендикеп плус“ од Крива Паланка, е „насилство од државата“ кон овие луѓе. Учесниците на дискусијата се согласија и дека една од клучните алатки е информирањето за своите права и достапноста до потребните информации и помош, коишто надлежните институции треба да ги обезбедат.  си/лв/

Фото: УНФПА

Остани поврзан