Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП
- Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.
Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.
На дискусијата, која ќе се одржи во кабинетот на претседателот Пендаровски, ќе учествуваат претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени. дма/хс/
Фото:МИА архива