• сабота, 23 ноември 2024

Директорката на УСАИД ќе објави 25 милиони долари хуманитарна помош за Хаити

Директорката на УСАИД ќе објави 25 милиони долари хуманитарна помош за Хаити

Вашингтон, 15 март 2024 (МИА) - Директорката на УСАИД, Саманта Пауер, денеска ќе објави хуманитарна помош од 25 милиони долари за Хаити, додека карипската нација се соочува со долготрајна политичка и хуманитарна криза.

Најавата за натамошна помош доаѓа откако насилството на бандите се зголеми на Хаити, поттикнувајќи хуманитарна криза, прекинувајќи го снабдувањето со храна и принудувајќи стотици илјади да ги напуштат своите домови.

Дополнителната помош од Агенцијата за меѓународен развој на САД ќе биде наменета за итна помош во храна, основни средства за помош, поддршка за преместување и итна здравствена заштита, се вели во соопштението на Пауер.

Таа посочи дека психо-социјална поддршка, безбедна вода за пиење и заштита на најранливите, вклучително и жени и девојчиња, исто така ќе бидат дел од помошта.

-Во текот на изминатите недели, насилството од организираните криминални групи драматично ескалира и ја влоши она што е веќе тешка хуманитарна ситуација на Хаити. Неодржливото насилство служи само за одложување на демократскиот процес додека ги попречува животите на милиони. Ги повикуваме сите актери на Хаити да го прекинат насилството и да ги направат неопходните отстапки за да овозможат транспарентни, инклузивни и кредибилни избори, непречена испорака на помош и обнова на демократијата, додаде таа.

Пауер, исто така, ги повика другите донатори да ја зголемат хуманитарната помош за земјата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан