Димитриевски на средба со шпанскиот амбасадор Рафаел Сориано Ортис
Куманово, 21 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска ја оствари првата официјална средба, со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортис, информираа денеска од општина Куманово.
Како што наведуваат во соопштението двајцата соговорници во пријателска атмосфера разговарале за актуелната општествено – политичка состојба во земјава и регионот, со акцент на досегашната успешна комуникација и соработка меѓу двете држави. ам/дма/
Фото: Општина Куманово