• сабота, 27 јули 2024

Де Хеа нема намера да го напушти Манчестер јунајтед

Де Хеа нема намера да го напушти Манчестер јунајтед
Манчестер, 11 октомври 2022 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа изјави дека нема намера да го напушти клубот. - Сакам да останам во Манчестер јунајтед многу години. Ајде да видиме што ќе се случи во иднина. Среќен сум во клубот, изјави голманот за „БТ Спорт“. Де Хеа му се приклучи на Манчестер јунајтед од Атлетико Мадрид во јули 2011 година. Актуелниот договор на 31-годишниот Шпанец со англискиот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година. Во сезоната 2022/23, голманот прими 18 гола на 11 натпревари за Манчестер јунајтед, а на три средби ја зачува мрежата „сува“. зс/

Остани поврзан