• понеделник, 23 декември 2024

Деспотовски: За седум години близу 65 проценти раст на платите - двојно повеќе отколку претходните десет

Деспотовски: За седум години близу 65 проценти раст на платите - двојно повеќе отколку претходните десет

Поголеми плати за нашите сограѓани е еден од клучните елементи на економската политика и на ТИРЗ и на Владата, а бројките и резултатите покажуваат дека со вистинска економска политика тоа е остварливо, што го потврдуваат и меѓународни финансиски институции посочи Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во Топ тема, на Телма телевизија.

„Според официјални податоци од Меѓународен монетарен фонд во период од 2017 до 2023, значи за седум години, просечната плата пораснала близу 65%, а БДП околу 40%. Споредбено со периодот 2007 – 2016, БДП растело 29%, што значи 11 проценти поени за десет години побавно, а просечната плата растела 36%, безмалку двојно побавно,“ рече Деспотовски и додаде:

„Покажавме дека знаеме како треба да се работи економски, без разлика на обидите на нашиот политички опонент да покаже дека во некои претходни времиња тие држеле доминација во делот на економијата. Токму бројките на ММФ го покажуваат спротивното. Така што ако го задржиме трендот, а нема причина зошто да не, просечна плата од 1100 евра е реално остварлива“, нагласи Деспотовски.  

„Врз база на досегашниот учинок можеме да кажеме дека сме го испорачале претходното ветување. Одамна ја надминавме ветената просечна плата од 500 евра и сега е веќе 40% над тоа ветување. Имаше такви кои и тогаш велеа дека е ова нереално и неостварливо, но кога знаете да носите правилни одлуки и да имате храброст да поттикнете промени резултатите се видливи. Така што да, со чист образ можеме да кажеме дека може да очекуваме и просечна плата од 1100 евра. Ако претходно сме кажале просечна плата од 500 евра и сме го надминале, тогаш со вакви политики реално е остварливо и ветувањето за зголемување на платите. Во економскиот дел, сме многу јасни и прецизни,“ нагласи Деспотовски.

Во однос на претстојните претседателски и парламентарни избори Деспотовски смета дека не треба да се потценува јавното мислење, но и да не се манипулира со анкетите кои „сега повеќе се користат да креираат јавно мислење отколку да ја отсликаат реалната состојба“.

„Трката на изборите почнува од 0:0. Би бил доста внимателен, особено кај опозицијата бидејќи кај нив забележувам тренд да се подигнуваат очекувањата. Имавме таква ситуација и на претседателските избори во 2019та, како и во 2020та каде сите анкети покажуваа нешто што потоа не се оствари. Заради тоа далеку од реален е наративот на опозицијата дека трката е однапред решена,“ посочи Деспотовски. 

ТИРЗ

фото:МИА архива 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан