• сабота, 23 ноември 2024

Десетта победа во низа за Баерн

Десетта победа во низа за Баерн
Минхен, 30 мај 2020 (МИА) – Баерн Минхен ја совлада Фортуна Дизелдорф со 5:0 вечерва во натпревар од 29-то коло на Германскиот фудбалски шампионат. Ова е десетта победа на тимот од Минхен по ред на сите натпреварувања. Две од од нив се остварени во германскиот куп и Лигата на шампионите, а останатите беа во Бундеслигата. Вкупната гол-разлика на 10-те натпревари е 32:5. По 29 кола, тимот на Ханс-Дитер Флик е лидер на табелата во Бундеслигата со 67 бода, десет повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд која има и натпревар помалку. Резултати на другите денешни натпревари од 29. коло: Херта – Аугзбург 2:0 Мајнц – Хофенхајм 0:1 Шалке – Вердер 0:1 Волвзбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2. зс/

Остани поврзан