• понеделник, 23 декември 2024

Десетици студенти уапсени на Универзитетот Џорџ Вашингтон

Десетици студенти уапсени на Универзитетот Џорџ Вашингтон

Вашингтон, 8 мај 2024 (МИА) – Полицијата денеска почна со расчистување на пропалестинскиот камп на Универзитетот Џорџ Вашингтон, неколку часа откако десетици студенти го напуштија местото и маршираа до домот на претседателката на Универзитетот, Елен Гранберг.

Официјални лица на Универзитетот во Вашингтон предупредија на можни суспензии за студентите кои учествуваат во протестите во дворот на Универзитетот.

Локалните медиуми објавија дека полицијата употребила бибер спреј против некои студенти, со цел да ги спречат да влезат во протестниот камп. Според локалните организатори, уапсени се речиси 30 лица.

Од 18 април, кога беше основан првиот пропалестински камп на Универзитетот Колумбија, повеќе од 2.600 студенти се уапсени во повеќе од 50 кампуси во САД. ми/

фото: Икс

Остани поврзан