• среда, 02 октомври 2024

Десетици жртви во автобуска несреќа во Тајланд

Десетици жртви во автобуска несреќа во Тајланд

Бангкок, 1 октомври 2024 (МИА) – Дваесет и пет лица се водат како исчезнати откако се запали автобус кој превезуваше 44 ученици и учители. Несреќата се случи во северно предградие на главниот град на Тајланд, Бангкок.

Министерот за транспорт Сурија Јунгрунгреангкит изјави дека сè уште не е познат бројот на загинати, но 25 лица се водат како исчезнати по пожарот.

- Според првичните извештаи во автобусот имало 38 ученици и шест наставници. Колку што сега знаеме, тројца наставници и 16 ученици излегле од автобусот, истакна Јунгрунгреангкит.

Несреќата се случила откако пукна гума на автобусот, по што возилото удри во бариера, при што се запалиле резервоарите за гориво, полни со компримиран гас.

Тајланд е познат по небезбедни патиштата и возила, што придонесува за голем број жртви. ми/

фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан