Дел од општина Ѓорче Петров денеска без вода
- Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од улицата „Борис Сарафов“ и високата зона во населба Дексион.
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од корисниците од улицата „Борис Сарафов“ и високата зона во населба Дексион.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улица „Борис Сарафов“ без број во населба Ѓорче Петров.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/лв/