• четврток, 07 ноември 2024

Делчевскиот кикбоксер Андреј Митков освои златен медал на Интернационалниот куп во Краљево

Делчевскиот кикбоксер Андреј Митков освои златен медал на Интернационалниот куп во Краљево
Делчево, 21 март 2022 (МИА) - Младиот кикбоксер Андреј Митков од кик-боксинг клубот „АС“ од Делчево освои златен медал на  „Србија Опен 2022“, кој викендов се одржа во Краљево, Србија. Делчевскиот кикбоксер златото го освои во дисциплината поинт-фајт за помлади кадети. - На престижниот Интернационален куп на кој учествуваат 214 натпреварувачи од 13 земји во светот, нашите претставници од клубот „АС“ освоија вкупно 4 медали. Андреј Митков покрај златото, освои и бронзен медал во кик-лајт, додека Павел Стојчевски тесно загуби во двете финалиња во поинт-фајт (-57кг) за јуниори и кик лајт (-57кг) за јуниори и освои два сребрени медали, информираше тренерот Љупчо Стојчевски. Тренерот на делчевските кикбоксери е презадоволен од учинокот на нашите претставници, бидејќи како што додаде, клубот е шесто рангиран од вкупно 14 македонски клубови кои настапија на Европскиот куп во Краљево. Македонската кикбокс репрезентација на „Србија Опен 2022“ како што додаде делчевскиот тренер се закити со вкупно 56 медали од кои 20 златни, 22 сребрени и 14 бронзени одличја. вс/зс/

Остани поврзан