• понеделник, 23 декември 2024

Делегација на Уставниот суд на Втора годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови во Приштина

Делегација на Уставниот суд на Втора годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови во Приштина

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот Дарко Костадиновски учествува на Втората годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови која се одржува од 23 до 25 октомври во Приштина. 

Како што соопштуваат од Уставен суд, во фокус на Конференцијата ќе бидат темите за еволуцијата во современата уставна правда преку примери од Балканскиот регион. 

Предвидено е претседателот Костадиновски да има свое обраќање на тема „Уставните судови како чувари на демократските вредности и принципи: балансирање помеѓу извршна, законодавна и судска власт во современите држави“.

Со организирањето на Меѓународна конференција ќе се одбележи и 15-годишниот  јубилеј од основањето на Уставниот суд на Косово.ар/хс/

Фото:Уставен суд

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан