• вторник, 01 октомври 2024

Делегација на Општина Берово во посета на Струмјани, Р.Бугарија

Делегација на Општина Берово во посета на Струмјани, Р.Бугарија

Берово, 15 март 2024 (МИА) - Делегација на Општина Берово е во дводневна работна посета на Општина Струмјани, Република Бугарија. Во рамки на првиот ден од средбата, остварена е работна средба помеѓу градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски и неговата делегација составена од членови на Советот со градоначалникот на Општина Струмјани, Емил Илиев и претставници на Советот на Општина Струмјани.

Работната средба, како што информираа од Општина Берово, се реализира на покана на  општина Струмјани, а целта на средбата е продлабочување на долгогодишните добри партнерски односи и споделување на добри практики во управувањето на општините

Во рамки на првиот ден од средбата делегациите разговараа за продлабочување на соработката помеѓу двете општини и заеднички работа на развојот и унапредување на општествените процеси.  

Двете општини, долги години се во партнерска соработка и преку добри практики,  го унапрeдуваат животот на граѓаните на општините , реализирајќи проекти кои се од витално значење за граѓаните од двете страни на границата. вс/цр

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан