• понеделник, 23 декември 2024

Дезинскеција против комарци во Куманово

Дезинскеција против комарци во Куманово

Куманово, 31 јули 2023 (МИА) - Општина Куманово на полноќ ќе изврши адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци, информираа од општината. Третманот ќе се врши на подрачјето на територијата на општината.

-Се препорачува на пчеларите да ги преземаат соодветните мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не дозволат да се извршат третманите во наведените термини, тие ќе се одложат за наредниот ден, информираат од општината.

Како што соопштија, денеска извршен е третман против крлежи и црна лебарка на булеварот „Октомвриска револуција“, третман против црна лебарка на двата градски плоштада и третман против крлежи н во населба „Гоце Делчев“.

Општина Куманово на две одделни јавни набавки избра две кумановски компании, едниот оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци. Општината од буџетот одвои вклучен 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност. Досега во Куманово се спроведоа и две авионски дезинсекции. Општината, за авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Биро за лекови одвои 1.038.400 денари.ам/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан