• петок, 08 ноември 2024

Движење ЗНАМ на Конвенција ќе ги претстави носителите на листи за парламентарните избори

Движење ЗНАМ на Конвенција ќе ги претстави носителите на листи за парламентарните избори

Скопје, 24 март 2024 (МИА) – Политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија, денеска во Скопје ќе одржи Конвенција на која ќе ги претстави носителите на листите за следните парламентарни избори во сите шест изборни единици. На Конвенцијата ќе се обрати и кандидатот за претседател на државата, Максим Димитиревски.

Претходно, со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор биле утврдени носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори.

Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ.

Носител во ИЕ2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во тој град, а носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.  

Во ИЕ4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица, додека, во петтата изборна единица ќе ја предводи Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог. 

За носител на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски, правник и претседател на ОО на ЗНАМ во Тетово. ар/ев/
Фото: МИА архива

Остани поврзан