• петок, 27 декември 2024

Движење Антикоцкање: Законот не го решава проблемот, ќе продолжиме се до искоренување на порок

Движење Антикоцкање: Законот не го решава проблемот, ќе продолжиме се до искоренување на порок

Тетово, 9 февруари 2024 (МИА) - Претставници на Движењето Антикоцкање од Тетово денеска одржаа прес-конференција на која посочија дека ќе продолжат со активности иако се изгласаа измени во Законот за игрите на среќа. Според нив, измените не се доволни, а тие сакаат, нагласија, целосно искоренување на порокот.

- Свесни сме дека овој закон не го решава проблемот во целина како што бара Движењето Антикоцкање за благосостојба на граѓанинот. Сметаме дека тоа е еден добар почеток за борба против оваа негативна појава, за прв пат се спомнува дистанца која значително ќе влијае на заштитата на нашите деца и на нашите семејства. Останува да се види како ќе се применува и до каде е сериозноста на овие промени. Ние од Движењето Антикоцкање ќе продолжиме и во иднина да се ангажираме се до искоренување на овој лош порок, и натаму ќе водиме битка за заштита од класичниот грабеж кој се врши над граѓанинот до нивно целосно затворање, изјави Џемал Абдиу.

Движење Антикоцкање смета дека со мал број гласови е направено усвојувањето на измените во законот.

- Малиот број на гласови е јасен показател дека нешто не функционира, тоа покажува дека овие објекти не паднале од небо, тоа е јасен показател дека моќните олигарси се создадени од тие кои мислевме дека треба да не бранат потврдувајќи го епитетот дека ние сме коцкарска држава. Ние сме против секаков вид на коцкање, било да е тоа физичко или онлајн. Благодарение до вас пратеничка група на ДУИ, СДСМ и А. А, со вашиот глас ни дадовте нов дух и покажавте како не треба да бидеме жртви на интересите на незаситните олигарси. До сите вас кои сè уште се двоумите, ве повикуваме да ги оставите политичките несогласувања, позиционирајте се во однос на доброто и лошото бидејќи тоа му дава ориентација и вредност на нашиот живот, посочи Џемал Абдиу.

На новинарските прашања дали како Движење Антикоцкање ќе имаат активности и против онлајн приредувањето игри на среќа што се во организација на Државна лотарија, Абдиу со рече дека нема да дозволат едно коцкање да се замени со друго.

- Ние никогаш не би сакале и нема да дозволиме едно коцкање да се промени или замени со друго коцкање. Така што ние до максимум ќе се потрудиме и ќе ги демаскираме сите овие што мислат дека ова коцкање и да се злоупотреби овој закон што е донесен сега со некое друго коцкање. Крајна цел е затворање на сите објекти на игри на среќа. На почетокот едно и единствено барање ние беше да бидат 3 километри надвор од населено места. После убиството што се случи и после затворањето на таквите објекти во земјите од регионот и ние од тогаш бараме затворање на сите објекти сè додека не се донесе нов закон, но закон што ќе ја брани благосостојбата на народот, рече Абдиу.

Измените во закон за игри на среќа предвидува тие објекти да бидат оддалечени 500 метри основните и средните училиштата, а тоа треба да се спроведе за време од една година. ас/цр

Фото: МИА 

 

Остани поврзан