• понеделник, 29 јули 2024

Две лица од Гевгелија приведени под сомнение за криумчарење мигранти

Две лица од Гевгелија приведени под сомнение за криумчарење мигранти

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Две лица од Гевгелија се приведени откако се забележани како им помагаат на петмина мигранти нелегално да ја поминат границата кон Грција. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се лишени од слобода Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија. Тие вчера околу 09:10 часот биле забележани од полициски службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Грција.

- Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението од МВР.

Мигрантите се предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка. ен/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан