• вторник, 24 декември 2024

Ампева: „Гласен синдикат“ нотираше кршење на работнички права во Штип, Битола, Свети Николе и Македонска Каменица

Ампева: „Гласен синдикат“ нотираше кршење на работнички права во Штип, Битола, Свети Николе и Македонска Каменица

Штип, 29 јули 2024 (МИА) - „Гласен синдикат“ изминатиот период евидентираше кршење на работнички права во Штип, Битола, Свети Николе и Македонска Каменица. Кристина Ампева претседател на „Гласен синдикат“ на денешната прес-конференција рече дека дел од работодавците не го почитуваат Законот за недела неработен ден.

– Во Македонска Каменица имаме случај работниците да работат по 3 пати во неделата по 11 часа, вообичаено по осум часа, сепак се заведува дека работат само два часа дневно, односно, 10 часа неделно, што воопшто не е точно. Денеска е испратен инспекциски надзор поради ова. Во Битола работодавец решил дека треба да има непријавени работници и дека треба да ги држи затворени да работат прекувремена работа, на што веќе се реагира и се прават инспекциски надзори, вели Ампева.

Посочи до нив пристигнало реакција и од работници за во Свети Николе. Во оваа фирма работници се префрлени од неопределено, на определено во друга сестринска фирма, порача Сојузот на синдикатот на Македонија да реагира, бидејќи работниците во оваа фирма си плаќаат членарина на ССМ и да ги заштитат работниците.

Изминатиот период во фабрика во ТИР зоната во Штип, од работници имаше реакција дека работодавецот го зголемил работниот ден на 10 часа.

– Веднаш беше реагирано таму, од страна на работодавецот беше разбрана сериозноста на ситуацијата, бидејќи и над газдите има некои други газди, така што ние како синдикат сме во состојба да реагираме веднаш, па и да го алармираме работодавецот во странската земја. Во оваа компанија имаме членови на синдикатот „Гласен синдикат“, изјави Ампева.

Според неа загрижува и иницијативата за враќање на старото законско решение работниците да работат и во недела.

-Сè додека нема реална евиденција на работното време и исплата на прекувремена работа и работа на празник, недела мора да остане неработен ден, додаде Ампева.

За кршење на донесеното законско решение предвидена е казна 15 дена забрана за вршење дејност. Ампева алармира дека состојбата е повеќе од сериозна, зашто и во моментот реалниот сектор се соочува со недостиг на работна рака, а во иднина овој проблем се повеќе ќе се продлабочува. вдј/ир

Фото: МИА

Остани поврзан