• четврток, 07 ноември 2024

Две жени пријавиле физички напад

Две жени пријавиле физички напад

Скопје, 25 август 2024 (МИА) – Две жени вчера пријавиле дека биле физички нападнати од нивните сопруг и партнер, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Едниот случај е во Скопје, каде што 53-годишна жена пријавила дека вчера во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг М.И. Додека, другиот во Прилеп, каде што 33-годишна жена пријавила дека на 19. месецов околу 21 часот била физички нападната од нејзиниот партнер А.В. кој исто така ѝ се заканувал со остар предмет.

Дополнително, Од МВР информираат дека вчера во СВР Струмица М.Г.(38) од село Василево пријавил дека околу 21 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга, а претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом. И за овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.ар/лв/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан