• понеделник, 16 декември 2024

Два случаја на коронавирус во Франција - први потврдени во Европа

Два случаја на коронавирус во Франција - први потврдени во Европа
Париз, 24 јануари 2020 (МИА)  - Два случаи на инфекција со новиот коронавирус се потврдени во Франција денеска,и тоа се првите случаи во Европа. Министерката за здравство Ањес Бузин на прес-конференција рече дека тоа се првите потврдени случаи во Европа, додавајќи дека верува оти повеќе очекува нови случаи во таа држава. Првиот случај е пријавен во Бордо, а вториот во околината на Париз. Министерката истакна дека властите ќе направат се за да се ограничи ширењето на вирусот. зш/

Остани поврзан