• сабота, 27 јули 2024

Два проекта се реализираат во општина Македонски Брод

Два проекта се реализираат во општина Македонски Брод
Кичево, 13 април 2022 (МИА) - Со проектот финансиски поддржан од Центарот за развој на Југозападниот плански регион во износ од 2,8 милиони денари, се поставуваат два цевководи во каналот Песјак, едниот за собирање на атмосферската, а вториот за фекалната вода. Паралелно се реализира и проектот за доизградба на водоснабдителен систем за село Требино, и алтернативно водоснабдување на Македонски Брод. - Започна реализацијата на проектот со поставување на цевководи за фекална и атмосферска вода во каналот Песјак. Овој проект го финансира Центарот за развој на Југозападниот плански регион во износ од 2.800.000 денари и треба да биде завршен до крајот на месец мај. Со овој проект фекалната и атмосферската вода ќе бидат собирани во независни цевководи, а фекалната вода ќе се насочува во пречистителната станица од каде со висок процент на чистота ќе се влева во река Треска, рече градоначалникот Жарко Ристески. Тој потсети на проектот за доизградба на водоснабдителен систем во село Требино. - Вториот проект кој се реализира во нашата општина е доизградба на водоснабдителен систем за село Требино и алтернативно водоснабдување на Македонски Брод, со зафаќање на извори од планината Песјак. Овој проект започна да се гради пред околу две години, а ние планираме во текот на оваа календарска година да биде целосно завршен. Покрај редовното водоснабдување на село Требино, алтернативниот водовод ќе овозможи Македонски Брод и во периоди на водена криза да има континуирано водоснабдување, додаде градоначалникот. за/мс/

Остани поврзан