Двајца Палестинци загинале во израелски напад во Газа
- Двајца Палестинци загинале од израелско „артилериско гранатирање“ во источниот кварт Шеџаија во градот Газа, јавија палестински медиуми.

Газа, 9 март 2025 (МИА) – Двајца Палестинци загинале од израелско „артилериско гранатирање“ во источниот кварт Шеџаија во градот Газа, јавија палестински медиуми.
Засега нема коментар од израелската армија (ИДФ).
Израелските сили сè уште се распоредени во тампон зоната долж границата со Газа поради прекинот на огнот, а ИДФ постојано ги предупредува Палестинците да не се приближуваат до областа. јт/
Фото: МИА архива