Папата Франциск се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат, го повтори повикот за мир во светот
- Папата Франциск во денешната порака им се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат во римската болница „Ѓемели“ и го повтори својот повик за мир во воените зони ширум светот.

Рим, 9 март 2025 (МИА) - Папата Франциск во денешната порака им се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат во римската болница „Гемели“ и го повтори својот повик за мир во воените зони ширум светот.
Како и претходните недели откако Папата (88) беше примен во болница на 14 февруари, неговата порака беше објавена од Ватикан.
Папата повика на мир во Украина, Појасот Газа, Израел, Либан, Мјанмар, Судан и Демократска Република Конго.
Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите.
Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.
Лекарите синоќа информираа дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта. паг/
Фото: ЕПА