• недела, 24 ноември 2024

Грците Никос и Марта на возраст од 87 односно 85 години стапија во брак

Грците Никос и Марта на возраст од 87 односно 85 години стапија во брак
Атина, 21 октомври 2021 (МИА) – Дека никогаш не е доцна за брак, но и дека возраста не е пречка, докажаа Никос и Марта, кои на 87, односно 85-годишна возраст, се заколнаа на вечна љубов во општина Атина, а ги венчаше атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, кој објави фотографија на „Фејсбук“ и коментираше дека „ова е една прекрасна љубовна приказна“, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на Атина, заедно со фотографијата го објави и дијалогот меѓу штотуку венчаните: -Дали Вие, Никос, ја сакате Марта за Ваша сопруга? -Секако! -Вие Марта го сакате Никос за Ваш сопруг? -Многу! „И вака некако во општината, се споија во брак два животи, 87 и 85-годишни. Насмеани, блескави и вистински среќни. Е ова е една прекрасна љубовна приказна“, напиша Бакојанис на Фејсбук. ср/

Остани поврзан