• сабота, 22 март 2025

Група тиквешани во посета на Мала Преспа 

Група тиквешани во посета на Мала Преспа 

Долна Горица, 22 март 2025 (МИА) - Група тиквешани денеска е во организирана посета на Долна Горица, Мала Преспа, преку Здружението „Сопот". Како што појасни претседателот на ова здружение, Миле Грозданов за МИА, целта е да се оддаде почит на претците на многубројни жители од неколкуте општини во Тиквешијата, со македонски потекло, кои, како последица на бегалска криза, своевремено биле принудени да ги напуштат своите домови и да се населат во неколкуте општини во Тиквешко.


 - Вкупно 92 години по таа преселба, ние денеска традиционално како и претходно неколку години по ред, го посетуваме овој крај, со кој не поврзуваат силни врски и заедничка историја. Многу од жителите во Тиквешијата, наследници на тие тогашни пребегани жители на Мала Преспа, до ден денес имаат свои роднини во неколку села од пограничниот дел во Албанија, појасни Грозданов. 

На агендата на тиквешани е и посета на градот Корча. свд/лв/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан