Петрушевски: Левица не е алтернатива – таа е само новата верзија на старата корупција
- Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“, земаше високи хонорари од СЈО да дели памет за правда. Партијата Левица, додека гласно „се бори“ против трошење на државни пари, истовремено од Буџетот зема преку 250.000 евра годишно.

Скопје, 22 март 2025
Како тоа Левица со Апасиев се апстрахираат од „корумпираниот систем“
Ајде да видиме да не случајно го користат истиот тој „корумпиран систем“ за лично богатење
Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“ два пати станува пратеник и зема плата од народни пари.Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“ станува редовен универзитетски професор, без јасни критериуми за неговиот интелектуален и морален кредибилитет.
Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“, земаше високи хонорари од СЈО да дели памет за правда.
Партијата Левица, додека гласно „се бори“ против трошење на државни пари, истовремено од Буџетот зема преку 250.000 евра годишно.
А кога станува збор за местење тендери и партиски вработувања, Левица се истакна преку своите директори во КИЦ, Музејот на град Скопје, Библиотеката „Браќа Миладиновци“, како и преку замениците во ЈП Водовод и ЈП Градски паркинг.
Дали ова ви изгледа како антисистемска борба, или како класично политичко лицемерие?
Граѓаните заслужуваат принципиелни политичари, а не нови манипулатори во старата матрица!
Левица не е алтернатива – таа е само новата верзија на старата корупција!
Линк од фејсбук статус на Бране Петрушевски
https://www.facebook.com/share/p/1AAy4UZyjB/?mibextid=wwXIfr
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.