• понеделник, 19 август 2024

Група поврзана со ИД уби најмалку 16 луѓе во североисточно Конго

Група поврзана со ИД уби најмалку 16 луѓе во североисточно Конго

Киншаса, 17 август 2024 (МИА) – Најмалку 16 луѓе се убиени, а 20 се киднапирани во североисточно Конго од група милитанти поврзани со Исламска држава.

Напаѓачите од групата Сојузнички демократски сили изминатите два дена извршија серија напади врз локалното население на територијата Мамбаса во провинцијата Итури.

Помеѓу киднапираните се и мајки и сестри на претставниците на локалната Влада. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан