• петок, 26 јули 2024

Гренел: Приштина да ги укине таксите, а Белград да прекине со кампањата за признавањето на Косово

Гренел: Приштина да ги укине таксите, а Белград да прекине со кампањата за признавањето на Косово
Приштина, 23 јануари 2020 (МИА) - Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел изјави денеска дека Приштина мора да ги укине таксите и дека утре ќе побара од Белград да прекине со кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово. - Важно е да продолжи економскиот развој и таксите зголемени за 100 проценти мора да бидат укинати. Ова е единствената работа што треба да се повлече, а во исто време да се запре кампањата за повлекување на признавањето што ја води Србија, рече Гренел по средбата со мандатарот Албин Курти. Американскиот дипломат истакна дека неговата мисија е посветена на економскиот развој и дека царините мора да бидат укинати за да може да се напредува. Пораката за укинување на таксите тој синоќа ја пренесе и на косовскиот претседател Хашим Тачи. Гренел утре ќе оди за Белград каде ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ за продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина. паг/

Остани поврзан