• четврток, 07 ноември 2024

Градоначалникот Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња во Општина Илинден

Градоначалникот Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња во Општина Илинден

Скопје, 2 септември 2024

 

Новата учебна година успешно започна со сите училишта на територија на Општина Илинден. Училиштата подготвени ги отворија вратите за околу 2000 основци и над 300 средношколци, а за прв пат во училишните клупи седнаа околу 170 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани 68 средношколци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски по повод почетокот на новата учебна година ги посети општинските основи училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“ каде на сите првачињата им подели ранци со училишен прибор и им посака успешен почеток на новата учебна година, успех во совладувањето на наставните содржини и убави спомени од училишните клупи. Во сите училишта по повод приемот на првачињата се одржа пригодна свеченост за топол прием на новите другарчиња.

Во текот на летниот распуст во училиштата на територија на општина Илинден беа реализирани поголем број на работни активности со цел успешно спроведување на воспитно-образовниот процес, како за учениците така и за наставниот кадар.

Општина Илинден

Одделение за поддршка на

Градоначалникот

Фото: Општина Илинден

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан