• понеделник, 23 декември 2024

Госенс ​​се враќа во Серија „А“

Госенс ​​се враќа во Серија „А“

Фиренца, 31 август 2024 (МИА) - Робин Госенс ​​повторно ќе се проба на италијанските терени. Поранешниот играч на Аталанта и Интер замина на позајмица од Унион Берлин во Фиорентина. Договорот на Германецот вклучува опција за откуп доколку се исполнат одредени услови.

Госенс ​​имаше добра сезона во Бундеслигата, постигнувајќи 6 гола на 30 натпревари, но сепак реши да ја напушти својата татковина и да се врати во Серија „А“. Минатото лето Унион за крилниот напаѓач на Интер му плати 15 милиони евра.

Фиорентина ќе се раздели со само 500.000 евра за заемот на Госенс, а доколку реши трајно да го привлече ќе мора да извади уште 7,5 милиони.

Фудбалерот на Рома, Едоардо Бове, исто така ја засили Фиорентина. Пуленот на „волците“ ќе игра на „Артемио Франки“ за 1,5 милиони евра, а доколку учествува во 60% од натпреварите на „виолетовите“ ќе биде купен за 10,5 милиони пред официјалното потпишување на договорот. 

Бове се прости од навивачите на Рома и сподели дека се надевал на поинаква разделба со неговиот матичен клуб. дс

Фото: ЕПА

Остани поврзан