• сабота, 23 ноември 2024

Големи штетите од пожарот во Градскиот пазар во Охрид, пазарџиите преместени во пасажот на објектот

Големи штетите од пожарот во Градскиот пазар во Охрид, пазарџиите преместени во пасажот на објектот

Охрид, 14 март 2024 (МИА) – Големи се штетите настанати од пожарот што во неделата рано изутрината избувна во угостителски објект на приземјето на зградата на Градскиот пазар во Охрид.

Во пожарот не само што целосно изгоре дуќанот во сопственост на државниот правобранител Агрон Речи, туку пламенот се прошири на врз неколку од апартманите сместени во горниот дел на објектот.

Веднаш откако пожарот беше изгаснат, се стапи кон отстранувње на последиците од пожарот, расчистување на објектот од опожарените остатоци.

Поради несоодветни услови, пазарџиите и дел од тезгите од затворениот дел на објектот се преместени во пасажот, каде и ќе работат се до нормализирањето на ситуацијата и повторна функционалност на објектот.

Според сегашната ситуација, ќе бидат потребни најмалку месец дена за да се врати функционирањето на пазарот во некаква нормала.

Инаку, пожарот избувна на 10 овој месец, некаде по 3 часот по полноќ. Пламенот е локализиран по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица, а причините за пожарот ќе ги утврди истрагата и извршениот увид на лице место. аб/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан