• вторник, 24 декември 2024

Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци

Германија обвинета за груба злоупотреба на разузнавачките податоци

Берлин, 29 февруари 2024 (МИА) - Германија е обвинета за груба злоупотреба на разузнавачки податоци откако откри дека британски војници ги поддржуват украинските сили во лансирањето на ракетите со долг дострел „Storm Shadow“, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на почетокот на седмицата изјави дека Берлин нема да и испорачува на Украина ракети со долг дострел „Таурус“ затоа што е неопходно да има војници кои помагаат на теренот и укажа на британскиот и францускиот пристап кон нивните системи. Шолц истакна дека, доколку го следи примерот на Велика Британија, Германија „ќе стане учесник во војната“.

Неговите коментари предизвикаа гнев кај британскиот воен и дипломатски персонал.

- Ова е груба злоупотреба на разузнавачките податоци дизајнирани да го оттргнат вниманието од одбивањето на Германија да го испрати својот ракетен систем со долг дострел во Украина - изјави Тобијас Елвуд, поранешен претседател на одборот за одбрана во британскиот парламент.

Шолц доби слични критики од членовите на германската опозиција. Пратеникот од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Норберт Ротген, смета дека коментарите на Шолц за наводната вмешаност на Франција и Британија во управувањето со ракетните системи со долг дострел се целосно неодговорни.

Шолц изјави дека германските војници не можат да ги следат своите колеги од Британија и Франција „на начин на контрола на целта и последователна контрола“. Тој нагласи дека германските војници нема да се поврзуваат со целите што би ги таргетирал системот „Таурус“, дури ни во Германија.

„Телеграф“ пишува дека е познато дека Велика Британија помага со разузнавачки податоци за руските цели, но не е познато колкава поддршка им даваат на украинските војници при истрелување проектили. Британската влада вчера соопшти дека мал број војници се распоредени во Украина и дека некои од нив се на медицинска обука. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан